Војната во Украина ја смени маршутата на шверцот со дроги во Европа, предупреди денеска Агенцијата за дрога на ЕУ.
Алексис Гуздел, директор на Европскиот центар за следење на дрога и зависност од дрога (ЕМЦДДА), изјави дека војната веќе имала „директно влијание“ на една од авганистанските маршрути за шверцот на хероин преку Украина и другите соседни земји.
-Трговците со дрога повеќе не се заинтересирани да продолжат да ја користат оваа рута – рече тој на онлајн прес-конференција, додавајќи дека веќе има знаци на зголемена трговија на границите меѓу Турција и Бугарија и Турција и Грција.
Гуздел кажа дека конфликтот ги принудил шверцерите кои го користат Црното Море да се одлучат за други маршрути, бидејќи некои поморски пристаништа неодамна беа надвор од нивниот дофат.
Тој додаде дека верува дека ќе дојде до зголемување на нелегалната трговија низ грчките острови и јужниот дел на Медитеранот.