Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонската одбојкарска репрезентација денеска во СЦ „Борис Трајковски“ (од 20.15 ч.) ќе биде пред тежок предизвик во групата Б во Европската сребрена лига. Во 5-то, претпоследно коло во групната фаза, гостува водечката Романија. За црвено-жолтите победата е важна за задржување на шансите за пласман на фајналфор-турнирот, но многу ќе зависи и од другиот дуел во групата, Албанија – БиХ.
Македонија има шанси да игра на фајналфор-турнирот во Будимпешта (18-19 јуни). Прв услов е денеска да се победи во Скопје, а потоа и на гости кај БиХ в сабота. Во случај на израмнетост со бодовите може да решава и сет-количникот во одредувањето на втората позиција на табелата. Избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ, кои годинава настапуваат во ослабен состав и со повредени играчи, досега во групата Б забележаа една победа и три пораза.
Првите две селекции ќе се пласираат на фајналфорот, каде што ќе настапат Унгарија и Финска од групата А, а вкупниот победник на Европската сребрена лига ќе обезбеди учество во Европската златна лига во 2023 година.


ГРУПА Б, 5. КОЛО

Албанија – БиХ 19 ч.
Македонија – Романија 20.15 ч.

ТАБЕЛА
Романија 4 4 0 12-4 11
Албанија 4 2 2 9-8 7
Македонија 4 1 3 7-9 4
​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​БиХ 4 1 3 4-11 2