Фото: Пиксабеј/Илустрација

По советничката група на СДСМ и Левица денеска излезе со изјава дека нарушен е интегритетот на советниците на Општина Битола од страна на владеачката структура на ВМРО- ДПМНЕ и ПОИНАКУ.
Освен од СДСМ, вчера, денес и од Левица велат дека постои сомнение за шпионажа и упад во компјутерските уреди на советничката група на Левица.

-Транспарентноста кон граѓаните и работата во Советот на Општина Битола од страна на советничката група на Левица е повеќе од јавна и со чиста мисла. Прашањето е како е можно по полноќ да се појави слика на позадина од висок функционер во Совет на ДПМНЕ на повеќе службени компјутери, кои не се мрежно поврзани. Некој нешто работел, ама погрешил – обвинуваат од Левица и бараат одговорност за случајот.
М.М.