Македонските и српските архиереи пред половина час почнаа да служат литургија за помирување во Храмот „Свети Сава“ во Белград.
Српскиот патријарх Порфириј вчера ја пречека македонската цркована делегација, а од чинот на пречек и од поздравувањето постави видео на својата Фејбук-страница.
Српските владици со камбани ја пречекаа делегацијата на МПЦ-ОА во Белград
Во делегацијата на МПЦ се Архиепископот Стефан, Митрополитите Петар, Тимотеј и Наум, епископот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот Свети Наум во Охрид и Архимандритот Агатон од манастирот Свети Пантелејмон во Скопје.
Во храмот „Свети Сава“ може да се забележи присуство на голем број на верници кои ја следат заедничката литургија на МПЦ-ОА и СПЦ.
Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија вчера одлучи да ја прифати поканата за сослужување со Српската православна црква, а истовремено е потпишано и писмото до Вселенскиот патријарх Вартоломеј, со благодарност за признавање на канонскиот стaтус на МПЦ-ОА.
Погледнете ја во живо заедничката литургија која ја пренесува Телевизијата Храм на Српската православна црква: