Фото: М.М.

Денеска Центарот за јавно здравје почна со дезинсекција за уништување на ларвите на комарците на подрачјето на Општина Битола.
Запрашувањето ќе се врши во претпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма на Центарот за јавно здравје.

Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид на база на BIOPREN 50 LML, наменет за уништување на ларвите на комарецот од типовите Aedes и Culex (во 2 и 3 ларвен стадиум).

Дезинсекцијата се спроведува како општа противепидемиска мерка согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола.
М.М.