Медицински совет
Нова метаанализа (испитување на голем број постојни истражувања) покажа дека секојдневното земање мала доза додатоци во исхраната со омега-3 може да го подобри здравјето на вашето срце.
Анализата е објавена во списанието „Клиникал нутришн“, а научниците за да донесат заклучоци направиле 19 истражувања и опфатиле 97.709 волонтери за да утврдат како омега-3 влијае на работата на срцето. Забележан е значително помал ризик од смрт од срцеви заболувања кај луѓето што земале две капсули омега-3 дневно. Меѓутоа, ефектите од употребата на поголеми дози сѐ уште не се анализирани.
– Омега-3 масните киселини одамна се истакнуваат како особено корисни во борбата против кардиоваскуларните заболувања и добро е што сега знаеме која е препорачаната дневна доза. Ќе го продолжиме истражувањето на позитивните ефекти на овие додатоци во исхраната – вели нутриционистот Џинџер Халтин. Докторката Џули Ептон наведува дека препорачува омега-3 додатоци во исхраната, кои содржат најмалку 500 милиграми еикозапентенска (ДХА) и докозахексенска (ДХА) киселина.