Вработените од Управата за водење на матичните книги, кои од минатата недела штрајкуваат, попладнево од 15 до 17 часот ќе одржат протест пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани улиците.
Независниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавец, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.
Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги, Тони Милошески, најави дека штрајкот ќе продолжи сè до исполнување на барањата.