Фото: Емил Јовановиќ

ШАХ – РАНГ-ЛИСТА НА ФИДЕ

Првите десет места на мајската рејтинг-листа на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) беа под влијание главно од резултатите на гран-прито на ФИДЕ во Берлин и Купот на Америка, а Европското првенство и неколку швајцарски турнири низ светот предизвикаа одредени поместувања во врвните 100, пишува ФИДЕ на својата интернет-страница. Води светскиот првак Магнус Карлсен со 2.864 поени, а потоа се Лирен Динг, Алиреза Фирузја, Фабио Каруана, Ричард Рапорт… Каруана освои пет рејтинг-поени и се искачи на четвртата позиција, Шахријар Мамедјаров сега е седми, а Весли Со, Левон Аронијан и Аниш Гири го намалија бодовното салдо. Лирен Динг одигра 28 натпревари во три настани во Кина од 26 март до 25 април, освои седум рејтинг-поени (сега има вкупно 2.806) и го врати второто место на светската ранг-листа, пишува ФИДЕ.