Б.И. вчера во 21.50 часот во СВР Скопје пријавил дека во хотел на подрачјето на Центар, каде од 22 април 2022 во една од собите престојувал неговиот пријател И.И.(46) од Скопје, истиот не ја отворал вратата од собата, ниту пак усно одговарал, информираат од МВР.
-Пријавителот заедно со полициски службеници од Полициската станица Центар ја отвориле вратата од собата, каде го пронашле починат И.И. Констатирана била смрт од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција во Институтот за судска медицина – се вели во информацијата од МВР.