Силно ја осудуваме употребата на хемиско оружје во Сирија, последниот случај беше застрашувачки. Тоа е закана за меѓународниот мир и безбедност, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
– Го повикуваме сирискиот режим и неговите поддржувачи да дозволат укажување меѓународна медицинска помош и меѓународни набљудувачи – додаде тој.
Столтенберг ги повика виновниците за употреба на хемиско оружје да поднесат одговорноsт.
– Треба да ја заштитиме забраната за хемиско оружје – истакна генералниот секретар на Алијансата.