Претседателските избори во Азербејџан на кои победи досегашниот претседател Илхам Алиев со 86 проценти од гласовите, поминаа со „сериозни нерегуларности“ и „недостиг на плурализам“, сметаат набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

– Во отсуство на плурализам, вклучувајќи и во медиумите, на овие избори немаше вистински натпревар – стои во извештајот на набљудувачите од ОБСЕ.

Во него се истакнува дека набљудувачите биле сведоци на „многубројни сериозни нерегуларности“ како полнење на гласачките кутии со однапред заокружени гласачки ливчиња.

Според податоци на Независниот истражувачи центар, за Алиев гласале 82,71 отсто од избирачите. Анализи на францускикот институт „Опинион веј“ покажаа дека Алиев е реизбран со 86,5 отсто.

На изборите излегле 68,7 отсто од гласачите.

Во изборите учествуваа 11 кандидати меѓу кои и актуелниот претседател 56-годишниот Илхам Алиев. Тој досега три пати е избран за претседател – во 2003, во 2008 и во 2013 година.

Во 2013 година за него гласаа 84,54 отсто од гласачите.