Општина Прилеп и Источно Сараево од БиХ ќе се збратимуваат и ќе ја продлабочуваат соработката на повеќе полиња. Ова беше договорено на денешната средба меѓу градоначалникот Илија Јованоски и амбасадорката на БиХ Лепа Бабиќ, при нејзината посета на општината.

– Разговаравме за продлабочување на нашата соработка, за збратимување со
Источно Сараево и за интезивирање на соработката – изјави градоначалникот
Јованоски.

Амбасадорката на БиХ Лепа Бабиќ, рече дека и е драго што повторно е во Прилеп, каде се чувствувала како во своја куќа.

– Започнатите преговори ги завршивме и конкретизиравме збратимување на
Источно Сараево и Прилеп. Граѓаните на Прилеп ќе можат да се дружат на повеќе
основи на општо задоволство со сараевци – посочи Бабиќ.

За зголемување на соработката на стопанско поле, амбасадорката на БиХ Бабиќ
разговараше со стопанствениците од мермерната, тутунската, текстилната индустрија
во Регионаланата стопанска комора – Прилеп. Ка.М.