Во Јапонија, неодамна, пред неколку илјади луѓе беше претставен првиот летачки велосипед, наречен „екстуризмо“, на јапонската стартап-компанија „А.Л.И. текнолоџис“. Летањето со велосипед не е невообичаено да се види во научнофантастичните филмови, но гледањето во реалниот живот е навистина зачудувачко. Споменатата компанија направи возбудлива демонстрација, тестирајќи го летачкиот велосипед на стадионот „Сапоро Доме“ во Јапонија.
„Екстуризмо“ ја добива својата моќ од конвенционален мотор и четири електромотори. Може да лета благодарение на сет пропелери: два основни и четири секундарни пропелери во секој агол, кои дејствуваат како стабилизатори. Тој се квалификува како ултралесен авион, што значи дека возачот не мора да биде сертифициран пилот за да управува со него.
Се проценува дека максималната брзина на велосипедот ќе достигне амбициозни 100 километри на час, со очекувано време на лет помеѓу 30 и 40 минути. Тоа е навистина одлично за летачко возило, но сепак не е доволно добро да ги замени другите начини на транспорт.
Летачкиот велосипед не смее да се користи на патишта, засега „екстуризмо“ може да се користи само на приватни имоти и тркачки патеки. Цената на ова возило е 680.000 долари.