Изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо 2022“ од Фото кино
клубот Прилеп ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“во Прилеп. Ќе бидат изложени 60 фотографии од исто толку фотографи, членови на ФКК Прилеп, кои ги одбра селекциона комисија, а темата е слободна.
Изложбата годинава е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн за 2022 година. Целта е збогатување на културната понуда во Општина Прилеп преку афирмирање и промоција на уметничката фотографија.
Изложбата ќе ја отворат градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и претседателот на Фото кино клубот „Прилеп“ Сашко Попоски. Ка.М.