Веб-страниците на владата и на неколку министерства на Финска денеска беа цел на хакерски напад.
Хакерскиот напад се случи во време кога украинскиот претседател Владимир Зеленски се обраќаше пред финскиот Парламент преку видео конференциска врска.
Финската Влада ја објави веста за хакерскиот напад, а Министерството за одбрана соопшти дека руски авиони го нарушиле воздушниот простор на земјата.