Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерот на Република Романија, Николае Чука.
Двајцата премиери на средбата на маргините на состанокот на премиерите на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа, изразиле задоволство од одличните билатерални односи засновани на пријателство и меѓусебно почитување и заклучиле дека остануваат можности за дополнително унапредување на врските меѓу Романија и земјата во повеќе области.
Како што соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, пријателството на Романија, рекол на средбата претседателот на Владата Ковачевски, нашата земја го препознава и во силната поддршка на оваа земја во остварувањето на нашата стратешка цел за интеграција во ЕУ.
Премиерите Ковачевски и Чука се согласиле дека војната во Украина е уште еден доказ за итноста од проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дека тоа денес е безбедносно прашање за регионот и за Европа.