Постигнат е напредок за дел од прашањата кои се веќе созреани, а за дел се уште постојат разлики, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба во Охрид со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.
Димитров кажа дека имале отворени и искрени разговори и оти првпат станало збор за временската рамка и за чекорите како да се имплеменира евентуалниот договор.
– Разговаравме без надмудрување, со разбирање на потребите на другиот. Како да ги ставиме настрана главните грижи на двете страни – рече шефот на македонската дипломатија.
Тој притоа кажа дека истовремено се одржала и средба на работните групи на двете министерства, на ниво на високи дипломати, кои врз основа на напредокот од разговорте во Виена го усогласуваат текстот за идната соработка во различни области. Дипломатите работат и на текст за спречување на иреднетизмот од двете страни и на делови од преамбулата на евентуалниот договор,
Коѕијас, од своја страна, потврди дека е направен напредок и на ниво на министри и на ниво на работни групи.
– Има напредок. Остануваат помалку теми за решавање, но тоа се најтешките. Денеска направивме позитивен чекор и се надеваме дека ќе направиме тешките проблеми да станат полесни. Се обидуваме да решаваме проблеми предизвикани во минатото и од други – рече Коѕијас.