Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на ковид-19: Скопје – 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица – 6, Тетово и Гостивар – по 5, Кичево – 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Кочани, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии.
Регистрирани сe 233 оздравени пациенти од: Скопје – 139, Битола – 15, Велес – 11, Куманово – 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија – по 5, Кичево – 4, Тетово, Сруга и Виница – по 3, Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (68 и 43 години) и по едно починато лице од Битола (79 години), Куманово (81 година) и Охрид (73 години). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Струмица (1) и Тетово (1), на возраст од 60 до 78 години. Пријавените лица се починати во период од 18 февруари до 5 март 2022 година. Од починатите лица две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.
Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.140, бројот на оздравени пациенти е 291.952, на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016.