Хакери ја урнаа денеска официјалната веб-страница на Кремљ, Кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, откако претходно пристигнаа извештаи за DDoS (Дистрибуирано одбивање услуга) напади на веб-сервери на други владини веб-страници и медиуми.
Веб-страниците на украинската влада, Министерството за надворешни работи и службата за државна безбедност беа изложени на сличен напад во средата, ден пред почетокот на руската инвазија.
Уривањето на руските службени странии денеска доаѓа во време на повици за „оружје“ меѓу хакерската заедница.