Русија ќе го евакуира персоналот од Амбасадата во Украина бидејќи ескалира заканата од војна во регионот, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва.
– Со цел заштита на нивниот живот и безбедност, руското раководство донесе одлука за евакуација на персоналот на руските дипломатски канцеларии во Украина – се вели во соопштението во кое се додава дека евакуацијата ќе се случи „во блиска иднина“.
Оваа одлука се однесува на персоналот во амбасадата во Киев и на руските конзулати на други места во земјата.