Во нумерологијата низата од неколку двојки едно по друго е позната како ангелскa низа, а бројот 2 се однесува на партнерство, рамнотежа и пријателски врски. Клучните работи што треба да ги научиме во времето обележено со овие бројки се: компромисот, сочувството, прифаќањето, соработката и хармонијата.
Кога бројот 2 се јавува во низа како на денешната дата, енергијата на двојката е уште поголема. Таа се смета за повик за поголемо партнерство со другите луѓе.
Всушност тоа е она што и најмногу ни треба во овие турбулентни времиња. Не беше возможно да се преживеат последните две години, без сочувство, пријателство и желба да се помогне.
Толку нешта се променија во светот, почнувајќи од пандемијата, до климатските промени и актуелната политичка состојба, што без чувствата кон другите не ќе можевме да опстанеме.
Сепак, 22 02 2022, според нумеролизте се смета за портрал за чиста духовна енергија, емпатија и чувствителност, а низата од двојки ќе ја максимализира креативноста кај луѓето. Оваа ретка нумеролошка појава ќе се повтори дури на 22.02.2222 година.
Децата кои ќе се родат денеска ќе бидат многу влијателни, со лидрерски способности, органзиатори и градители, сметаат астролозите, наведувајќи дека Џорџ Вашинготен е роден на 22 февруари.
Според нумеролозите, денешниот ден носи фантастични можности.
Денеска внимавајте како комуницирате со саканите, бидете искрени, отворете го своето срце и покажате ги емоциите. Ако сте слободни поминете го денот грижејќи се за себе, правете го она што ве радува, било да е тоа јога, медитација, прошетка.. Сакајте се себе си, бидете присутни, уживајте во свеоето друштво.
Бројот 22 е поврзан и со изградба на нешто поголемо и од нас самите, но под услов да работиме тимски, заедно со другите. Бидејќи така можеме многу повеќе. Ќе се иницзира деловна енергија, ќе добиеме нови идеи и ќе дојдеме до посакуваните решенија. Така е затоа што бројот 2 не ги претставува само интимните врски меѓу луѓето, туку и соработката, разбирањето, размената на енергија, заедничкото дејствуавње што може да доведе до иновации.
Оваа година на двојките, 2022 не е година на себичност, во неа не е на прво место зборот „јас“, туку година, во која во прв план ќе биде зборот „ние“. Тоа не е година на индивидуалност, туку на заедништво, во која треба да имате на ум дека ниеден човек не е остров и оти најмногу ќе постигнете со соработка, заедништво и компромис, порачуваат нумеролозите. М.Т