Фото: Принт-скрин

Полицијата ноќеска во периодот 1.30 до 4.30 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат, спроведе акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола.

Вкупно 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат ковид-сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни поднесоци. А едно лице употребило лажен ковид-сертификат и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава.

При тоа, во два ноќни клуба е пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана). Исто така ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во ноќен клуб е затекнат малолетник по полниќ, а биле констатирани прекршоци и по законот за пушење.

Исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.


Санкции за 14 угостителски објекти во Гостивар и Струга поради неиздавање фискални сметки

Полицијата во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, во петокот спроведе акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга и при тоа се констатирани низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани.

Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, немање резервен фискален апарат итн.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат пак изречени се санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови неправилности кои биле констатирани при контролите. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.


Пронајдени дрога и ножеви во угостителски објекти во Скопје

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов извршија контроли во 18 угостителски објекти.

Притоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, четири лица се приведени затоа што кај нив биле пронајдени ножеви и против нив ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје.

Ваквите контроли продолжуваат и во наредниот период, најави МВР.