Хрватска

Десантниот брод „Крк“ се закотви на островот Млет, јавуваат хрватските медиуми. Локалните жители тврдат дека многу припадници на армијата пристигнале на островот со опрема, но сѐ уште нема официјален одговор за причините.
Според досегашните факти, крај островот Млет во средата пристигнал десантниот миноносец „Крк“. Овој несекојдневен настан е забележан од новинарите на порталот Морски.хр, кои направиле фотографии од бродот, а се повикуваат на неименуван извор, кој наведува дека од бродот се истоварила „РБС-15“, противбродска ракета со долг дострел, а може да се користи и за напад на површински цели и ГПС за напад на копнени цели.
Инаку, на Млет има радарска станица, а според истиот извор, тие радари се главни во поделбата на цели при евентуален ракетен напад.
Млет е таканаречена прва линија на одбрана уште од времето на Југославија, додека, на пример, Корчула и Пелешац не припаѓаат на одбраната туку на логистиката за првата линија. Вис е, на пример, за повлекување. И сето тоа, се разбира, под услов Италија, членка на НАТО и хрватски воен партнер, да си го прави своето. Значи, во тој случај, Италија си ја држи својата страна, ние ги зајакнуваме средината и истокот, но Италија има проблем на западниот брег – пишува на веб-страницата.

Целиот настан ја вознемири јавноста, а по тој повод прв се огласи хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Тоа не се работи за јавноста. Жителите на Млет не се загрижени за тоа, сѐ е мирно, сѐ е во ред – изјави Милановиќ.
Набргу по ова се огласи и Министерството за одбрана со официјално соопштение.
Ве информираме дека миноносецот „Крк“ беше редовно пратен да ја наполни со вода мониторинг-станицата за набљудување на крајбрежјето Млет. Во согласност со плановите за обука, како дел од оваа активност беше извршена обиколка на стрелачката позиција на Млет. Мобилните позиции за гаѓање крајбрежни фрлачи се наоѓаат на неколку локации по должината на брегот и островите. Редовно се посетуваат и преку вежби се проверуваат физичките приоди кон позициите за гаѓање. Посетите најчесто се вршат како дел од активностите за полнење со вода на крајбрежните мониторинг-станици на островите за рационализирање на трошоците. Целата воена опрема по вежбата е вратена во матичната касарна. Напоменуваме дека на мобилниот крајбрежен фрлач биле истоварени четири контејнери без ракети – соопшти Министерството.