Споредено со излезноста во 11 часот, кога во општина Кичево на 115 избирачки места својот глас го дале 3.072 избирачи или 6,12 проценти, до 13 часот бројката на излезени гласачи е повеќе од двојно зголемена и регистрирани се 6.419 граѓани, кои го искористиле своето демократско право на глас или од претходните 6,12 проценти овој процентуален број е зголемен на 18,91.
-За разлика од претходните два пресека во 9 и 11 часот, кога во нашата општина беше регистрирана мала излезност од 6,12 проценти во 11 часот, во последните два часа бројот на граѓани кои го искористиле своето демократско право да гласаат пораснал за повеќе од двапати и изнесува 6.419 или во проценти изразено 18,91 посто, што за само два часа е повеќе од двојно зголемена излезност- истакна Антигона Сефери, претседателка на ОИК за Кичево.
Во општина Пласница и понатаму излезноста е исклучително ниска, иако бројот на гласачи споредено со 11 часот е повеќе од двојно зголемен и од претходно евидентираните 164 избирачи, во 13 часот изнесува 356 избирачи или процентот од 3,3 пораснал на 7,1. Во Општина Македнски Брод од претходниот пресек, во 13 часот бројот на излезени гласачи е двојно зголемен и изнесува 904 или во проценти изразено во проценти 17,5 .
З.А.