Големи акции на полицијата за заплена на дрога се во тек вечерва во Струмица и Ресен. Ова вечерва го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на Македонската телевизија.
По завршување на акциите се очекуваат детални информации од МВР за запленетите количини дрога.
Се работи за два посебни случаја на голема заплена на марихуана.