Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ најави дека во првиот квартал на следната година ќе излезе на берзата со акции во своето одделение за производство на камиони и автобуси.
Се очекува парите собрани од продажбата на акциите да бидат искористени за натамошни инвестиции во производството на камиони, пред се во САД. Компанијата најавува дека акциите ќе бидат понудени под услов да се гарантира постојаноста на работните места во производството.