Поранешниот прославен фудбалер Габриел Батистута беше еден од најдобрите светски напаѓачи во текот на богатата кариера, со што за неговите голови и денес се зборува. Но допрва ќе се зборува за начинот на кој ги воспитал неговите деца. Синот на аргентинската фудбалска легенда, Лукас (20) сам заработува, работејќи во фотокопирница, наспроти богатството на неговиот татко, пренесуваат светските медиуми.
– Можев да му купам кола. Тој би се возел во нив. Луѓето би се восхитувале, но тој автомобил не би бил плод на неговата работа. Тоа навистина не би бил негов автомобил. На овој начин, тој работи како и сиот обичен свет, научен да го троши она што самиот ќе го заработи. Јас на својот син му оставам достоинство. Кога ќе купи автомобил, тоа ќе биде од парите кои сам ги заработил и тоа чувство нема да може да се спореди со она кое би го имал, доколку јас му го купев автомобилот – кажа Батистута, кој со успех го носеше дресот на италијанските прволигаши Фиорентина, Рома и Интер.
Легендарниот напаѓач, кој ја заврши кариерата во 2005 година, има четири сина.