Полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола синоќа од 22 до три часот утрото спровеле акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол.
За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 24 прекршоци. Притоа, најголемиот број од нив се на подрачјето на Битола – 14, на подрачјето на Прилеп – 6, на подрачјето на Ресен – 2 и по една на подрачјето на Демир Хисар и Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли, велат од МВР, ќе продолжат и во наредните денови. Зароа апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.