Српски иноватор креира систем што штеди до 40 проценти од потрошувачката на струја

Србија

За време на енергетската криза, младиот српски иноватор Игор Јовановиќ разви систем за значителни заштеди на енергија, до 40 проценти, што беше потврдено со сметките за Електростопанство на Србија (ЕПС). Јовановиќ, магистер на Академијата за технички науки, е рангиран меѓу 50-те најдобри млади иноватори во светот, а практично е само на почетокот на кариерата. Тој вчера, по повод Меѓународниот ден на образованието, гостуваше кај градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ, кој му даде поддршка велејќи дека Градот ќе продолжи да се грижи за младите.
Сакаме да ја задржиме позицијата на лидер во регионот во различни области, а во областа на иновациите Игор и неговиот тим веќе се докажаа и во претходниот период работеа на голем број нови откритија за заштеда на енергија, електрични полначи… – изјави Радојичиќ.
Во конкуренција на повеќе од 3.500 студенти од најпрестижните светски универзитети, Игор ги помина сите „пречки“ и стигна до најдобрите 50 на натпреварот организиран од „Глобал Тачер прајс“.