Германија
Командантот на германската воена морнарица, вицеадмиралот Кај-Ахим Шенбах, кој во саботата изјави дека црноморскиот полуостров Крим никогаш нема да се врати во составот на Украина, побарал да биде ослободен од должноста.
„Штотуку побарав од сојузната министерка за одбрана Кристин Ламбрехт веднаш да ме разреши од моите задачи и должности како командант на поморските сили. Министерката ги прифати моето барање“, соопшти вицеадмиралот Шенбах во изјавата објавена на порталот „Пресе портал“. Тој смета оти таквиот потег е неопходен за да се избегне „натамошната штета“ за германската флота, германските вооружени сили и самата земја.
Претходно, за време на посетата на Индија, вицеадмиралот изјавил дека Крим никогаш нема да се врати во состав на Украина, а обвинувањата на Западот дека Русија, наводно, има намера да ја нападне Украина ги нарече „бесмислица“.
Веднаш по ова, Украина ги повика германскиот амбасадор во Киев и Шенбах да ја повлечат изјавата.
„Тоа што тој навистина го сака е почитување на рамноправна основа. И, боже мој, да му се даде почит некому малку чини, ако не и ништо. Доколку мене ме прашувате, едноставно е да му се даде почитување коешто навистина го бара и веројатно исто така го заслужува“, изјави Шенбах зборувајќи за Путин.
Коментарите на Шенбах дојдоа во периодот на застрашувачка ескалација на тензиите меѓу НАТО и Русија.