Претседателот Стево Пендаровски телефонски разговараше со Румен Радев, честитајќи му го на бугарскиот претседател стапувањето на должноста, при што му посака и успешен мандат.
Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави по неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како за и претстојните активности во Софија.
Во тој контекст претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Македонија за негово интензивирање во наредниот период.
Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.