Камион со турски регистарски ознаки вечерва се превртел на терминалот кај Деве Баир, поради неисчистен снег. Причинета е материјална штета.
Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин Ѓуешево, кај границата помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, Македонија, Турција, Романија, Србија, а застојот се прави поради неисчистениот терминал на Деве Баир, на нашиот граничен премин.
-Секоја година наидуваме на истиот проблем, неколку години по ред и првиот снег е веднаш пречка за непречено одвивање на сообраќајот. Снегот не е повеќе од десет сантиметри, но проблемот е што нема никој што го чисти терминалот, па преминување преку него е потешкотија и веќе шести час сме тука, премрзнати во колона, изјави еден од превозниците.
Апелираат надлежните конечно да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.
Патничките моторни возила што минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено