Врз основа на гласовите на читателите, еминентниот магазин „Џи-кју“ ги избра најдобро облечените мажи во 2021 година. Во полуфиналето влегоа тројца музичари и еден глумец – Ејсап Роки, Лил Нас Екс, Тајлер и Тимоти Шаламет.
Финалето им припадна на Ејсап Роки и на Тајлер, кој на крајот ја понесе титулата.
Познатиот 30-годишен американски рапер и продуцент од Калифорнија од мали нозе сакал да стане познат, а на претставниците на медиумите им раскажувал дека најмногу сакал да се занимава со музика.
Освен што е забележан во музичките кругови и неговиот моден израз не останува незабележан. Вели дека сака да експериментира со сите бои и модни додатоци, а едно парче облека му е омилено – елекот.