Прикажувањето на биографскиот филм за српскиот пејач Тома Здравковиќ, завчера на МРТВ, привлече големо внимание на социјалните мрежи, отворајќи го прашањето за кој македонски пејач(ка) би можело да се сними такво филмско остварување.
Мислењата се поделени, исто како и за самиот филм „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ, со што на Твитер најчесто се спомнува името на Тоше Проески, но и на други славни пејачи и пејачки кои веќе не се меѓу живите, како што се Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Јонче Христовски, Никола Бадев, Васка Илиева, Александар Сариевски… Меѓу македонските твитерџии има и такви кои сметаат дека би можел да се сними филм за пејачот Сашо Каимовски – Панки од дуото „Куку Леле“ или за познатиот шоумен Игор Џамбазов.
Некои се против идејата да се екранизира животот на прерано настраданиот Проески, а други пак, се прашуваат дали воопшто постојат капацитети во Македонија за снимање таков филм. Во секој случај, извесно е дека постои интерес за биографски филм за македонска славна личност, судејќи според коментарите на социјалните мрежи.
Србите направија филм за Тома, кога ние ќе направиме филм за Тоше??
— Историчарот (@istoricarizsk1) January 2, 2022
Биографски филм за баба Васка Илиева…Судбо, песно моја. Може и тоа да е наслов. Кој знае шо таа жена пропатила у живото, знае шо зборам.
— Пајонец (@pajoneco) January 2, 2022
и за Тоше и за Јонче и за Гоце Арнаудов
— Moon Pearl (@roze_______) January 2, 2022
Да го викнеме Драган Бјелогрлиќ да направи еден филм и за наша Есма?!
— Solzica (@Solzica1) January 2, 2022
Реално од сите наши пејачи само Панки заслужува филм.
— Стормрејџ (@Strastniot) January 2, 2022
Игор Џамбазов, 5 празни места па Тома.
Не дека нема, не си го цените своето. https://t.co/PByW6MRUwD— Стојко Мојов ?? ?? (@StojkoMojov) January 2, 2022
Додека вие Македонците се расправате за "Тома", ние Србите ќе направиме и за: Бора, Џорџе, Момчило, Милан, В'да, Цане….
Ете тоа е разликата: едните прават, другите се расправаат.— Виктор Стевич (@Viktor_Stevich) January 2, 2022
Одличен и многу емотивен филмов за Тома. Тажно кога ќе се сети човек дека не знаеме како држава да направиме нешто слично за Сариевски, Бадев, Гоце Арнаудов, Тоше.
— ПравНиче (@LawBoy30) October 17, 2021