Цената на електричната енергија се зголемува за 9,48 отсто, а се укинува и дневната евтина тарифа која важеше од 14 до 16 часот, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, на денешната прес-конференција. Новата цена ќе важи од 1 јануари.
– Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период – истакна Бислимоски.
Тој објасни дека цената на струјата ќе се зголемела за 14,23 отсто доколку не се укинела евтината дневна тарифа.
Ноќната и евтината тарифа в недела остануваат на сила.