Коста Петров, преку Фејсбук објави дека поднел оставка од директорската функција во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
– Ова е и моја последна активност како Директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година. Уште еднаш огромна благодарност до сите за поддршката! Со оставката што денес ја доставив до Централниот одбор на СДСМ, после две и пол години, и официјално го завршувам ова мое политичко патување. Бескрајно сум благодарен за научените лекции. Време е за нови предизвици! Се гледаме на врвот – се наведува во објавата на Петров на Фејсбук.