Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски се годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
Филиповски, кој во изминатите години објави неколку капитални дела за македонската рок музика и новинарот Кежаровски ја добиваат наградата за остварување во областа на публицистиката, а Марку и Николовски во областа на новинарството.
Наградата „Јасмин“ не се додели во изминатите две години.
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, на седницата одржана на 29.11.2021 година ја донело одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Наградите ќе бидат врачени на 21 декември во свечената сала на Собранието.