Во Штипскиот Регион нема опасност од поплави, по намалувањето на водостојот на Брегалиница во текот на ноќта. Нивото на водата е под два метра, со што е забележано намалување од 40 сантиметри.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, во изјава за МИА истакна дека нема опасност од поплавување на бунарите од кои градот се снабдува со вода за пиење, како и оти нема проблеми со сообраќајот и улиците.
Жителите на село Селце утринава побарале помош за отстранување на снежните наноси и интервенција на патот, по што екипи на ЈП Македонија пат излегле на терен.