Во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“денеска од 13 часот ќе се реализира манифестацијата „Унгарски културен мозаик“. Посетителите ќе можат да се запознаат со изложба од 20 дела од Унгарците кои живеат во Македонија, како и со настап на музичари.

Манифестацијата е дел од активностите на Унгарското Здружение во Македонија
Теледом и амбасадата на Унгарија, со кои ЦК „Марко Цепенков“ има долгогодишна
соработка.

Воедно ќе има и промоција на унгарски национални десерти.

Проектот е поддржан од Агнецијата за остварувања на правата на заедниците во Македонија. Ка.М.