Во последните 24 часа
Министерството за здравство информира дека согласно со податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.042 тестирања за ковид-19, а регистрирани се 355 нови случаи на заразени. Од нив најмногу се во Скопје.
Регистрирани сe 329 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се девет починати лица.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се и шест починати со датум на смрт од 31 август 2021 до 1 декември 2021.
Инаку, досега во земјата вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, а бројот на оздравени пациенти е 203.325. Починале 7.631 лица.