Судот во Панама на максимална казна од 50 години затвор осуди седум членови на една секта, кои убиле бремена жена и шест деца во ритуал на „егзорцизам“.
Претходно, уште двајца членови на сектата „Нова божја светлина“ беа осудени на по 47 години затвор, јавува АБЦ Њус, а пренесува Танјуг.
На 13 јануари 2020 година, тие поканиле голем број селани во нивната импровизирана црква, а според властите, ги тепале со палки и мачети.