Општина Прилеп е подготвена за зимско одржување на улиците, беше констатирано по денешниот состанок на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, со фирмата  ДОО Изофас, задолжена за зимско одржувањесо надзорниот орган од ЈП за ПУП и со вработените во Општината.

Воедно  на средбата биле распределени задачите за поефикасно организирање и функционирање на зимската служба за претстојниот период.

Од фирмата задолжена за зимското одржување, како што велат од Општината, било истакнато дека се набавени потребните колични на сол и ризла, а подготвена е и соодветната механизација.

Ова е во согласност со Оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето од Општина Прилеп за сезоната 2021/2022 година.

Ка.М.