ШАХ – МЕЧ ЗА ТИТУЛАТА СВЕТСКИ ПРВАК

Актуелниот светски првак во класичен шах, Норвежанецот Магнус Карлсен (2.882 рејтинг-поени, рангиран прв во светот), и рускиот предизвикувач, Јан Непомнијашчи (2.792, рангиран петти), ремизираа и во третата партија од предвидените 14 во мечот за титулата светски првак, кој се игра во Дубаи, ОАЕ. Во третиот дуел беше играна шпанска партија (варијантата на Руи Лопез), а примирјето беше потпишано во 41-от потег. Денеска е првиот слободен ден, а утре, во четвртата партија, предноста на почетниот потег ќе ја има Карлсен.