Поединечно Македонија освои две злата и по четири сребра и бронзи, а на екипните натпревари две сребра и една бронзa

КАРАТЕ – БАЛКАНИЈАДА ЗА КАДЕТИ И ЗА ЈУНИОРИ

Македонските карате-надежи освоија вкупно 13 медали, од кои два златни, три сребрени и осум бронзени на 21-то Балканско првенство (БП) за кадети, јуниори и за постари јуниори (до 21 година), кое се одржа во Риека (Хрватска). Со тоа во вкупниот поредок Македонија е петта меѓу 13 држави. Пред Македонија се БиХ со 26 медали (12/4/10), Турција со 24 (9/6/9), Србија со 31 (7/8/16) и Хрватска со 23 (5/6/12).
На последниот, трет ден, беа екипните натпревари во борби и во кати, каде што македонските состави освоија три медали, од кои две сребра и една бронза. Со сребро се закитија машкиот тим во борби (до 21 година) и ката-тимот кадети/јуниори, додека женскиот тим (до 21 година) во борби го освои третото место, откако ја совлада Грција со 2-0.
Во конкуренција на 777 натпреварувачи, претходните два дена, со златен медал се закитија јуниорките во борби Ива Пецевска (до 48 кг) и Ера Коџа (до 59 кг). Сребро освоија јуниорите Симон Петрески (до 76 кг) и Андреј Ангеловски (до 76 кг), кадетот Рушити Реџеп (до 63 кг) и постариот јуниор Стефан Стојановиќ (над 84 кг). Бронзи освоија кадетот Андреј Басаров (над 70 кг), јуниорот Матеј Белистојаноски (до 55 кг) и постарата јуниорка Марија Петровска (до 50 кг), сите во борби, а во кати, постариот јуниор Александар Неделковски.