Централниот одбор на СДСМ ја констатираше поднесената оставка на претседателот Зоран Заев и донесе одлука за распишување на непосредни избори за претседател на партија.
Изборите ќе се одржат на 12 декември, а постапката за поднесување кандидатури почнува утре и ќе трае седум дена. Според статутот на СДСМ право на кандидирање имаат сите членови на партијата.
Заев го информирал ЦО дека парламентарното мнозинство во моментов изнесува 61 пратеник, дека стабилно и очекува во идниот период да се зголеми, како и тоа дека има простор за Алтернатива, за што ќе продолжат преговорите.
Димитар Ковачевски бил споменат како следен кандидат за лидер на партијата, но биле споменати и други имиња, рече портпаролката Богданка Кузеска, која не кажа конкретно дали Заев ја поддржал кандидатурата на Ковачевски.