АТЛЕТИКА

Џејкоб Киплимо (21) од Уганда постави нов светски рекорд во полумаратон (21,1 км) на отворено на трката во Лисабон, Португалија, со време од 57,31 минути, што е подобро за една секунда од претходното најдобро време, кое го држеше Кениецот Кибивот Канди (58,32 минути), истрчано минатата година во Валенсија, Шпанија. Второто место му припадна на Еса Хусејдин Мохамед од Етиопија, со време од 59,39 минути.
Киплимо, кој е и актуелен светски првак во полумаратон од Полска во 2020 година, освои бронза на 10.000 метри на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио годинава, а на 5.000 метри беше трет.