Мерките кои се однесуваат на вакцинација против ковид-19, предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Според предложеното, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок.
Оние кои го прележале вирусот ќе приложат потврда за прележан ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист.
Покрај тоа, вакцинацијата со предлог-мерките ќе биде задолжителна за сите здравствени работници, а истите треба да стапат во сила 10 дена откако ќе бидат усвоени од Владата, со цел граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои се уште не се вакцинирале.