Фото: Владимир Путин/Твитер

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е ревакциниран против коронавирусот со вакцината „спутник лајт“.

– Денеска по ваша препорака и препорака од вашите колеги примив уште една вакцина „спутник лајт“ – рече Путин на средбата со Денис Логунов, заменик-директорот на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Путин изјавил дека се чувствува добро по вакцинацијата, пренесоа руските агенции.

Рускиот претседател во јуни годинава откри дека ја примил вакцината „спутник в“, потсетува „Ројтерс“.

При неговата прва вакцинација, не беше веднаш соопштено која руска вакцина ја одбрал.

– Намерно не кажуваме кој лек ќе го добие претседателот – изјави тогаш неговиот портпарол, Дмитриј Песков, додавајќи дека за тоа се одлучиле за да нема фаворизирање.