Пратеникот Кастриот Реџепи гостува вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21.
Тој вели дека со премиерот Зоран Заев немал комуникација, но други луѓе од СДСМ го контактирале.
„Не ми се јавил Заев. Нормално е дека се знаеме со него, но не ме побарал, ниту ми се јавил последниве 2 недели. Да Димитров, Оливер Спасовски, Маричиќ, зборувам за првата фаза“, вели Реџепи.
Тој додава дека го прашувале што се случува.
„Им реков вашиот претседател ја утна работата. Мислев за Заев. Тој погреши со оставката. Ние како Движење Беса, имавме договор со него како премиер. Он даде оставка. Јас и во ова студио, во ТВ21, изјавив пред 2 недели дека Заев направи грешка со оставката. Реков дека оваа Влада без него е без локомотива“, додава Кастриот Реџепи на ТВ21.