Во периодот од 20 до 26 септември Македонија ќе биде домаќи на квалификацискиот турнир во фудбал за жени до 17 години. Во нашата група се најдоа уште и репрезентациите на Франција, Унгарија и Босна и Херцеговина.
-Очекуваме пред се добра и ангажирана игра на нашите репрезентативки со тоа, се разбира и добри резултати. Сакам да напоменам дека пред овој финален собир имавме подготовки во Дојран се со цел што подоборо и поподготвени да влеземе во овој квалификациски циклус. Се надевам на добра игра и на добри резултати, изјави селекторот на македонската репрезентација Тоше Нацев.
Сите натпревари од групата ќе се одиграат на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ со следниот распоред:
20.09 – четврток
11.00 ч. Босна и Херцеговина – Унгарија
15.30 ч. Франција – Македонија
23.09 – недела
11.00 ч. Франција – Босна и Херцеговина
15.30 ч. Унгарија – Македонија
26.09 – среда
15.30 ч. Македонија – Босна и Херцеговина
15.30 ч. Унгарија – Франција.